Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре облачно време со температура до 16 степени

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно понекаде со сончеви периоди, на места со слаб дожд, особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени.

Од среда следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот е во целосен прекин

ДЕСК

Турски државјанин со скапоцено “bmw 5” удрил во контејнери и автомобил во Скопје, па побегнал од местото, но полицијата му го “нашла крајот”

ДЕСК

Ужас на “Ленинова” – Со “хјундаи” удрил во полицаец кој веднаш е пренесен во градска

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.