Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен газда на кафеана во Тетовско, работел и покрај забраната

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(58) од с.Порој, Tетовско, сопственик и управител на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 31.12.2020 во 23.04 часот во Тетово, на ул.„Маршал Тито“, при извршена контрола од полициски службеници од СВР Тетово, во врска со воведената забрана за работа на угостителските објекти за посетители по 18.00 часот, со цел спречување на ширење на заразната болест Kовид-19, било констатирано дека угостителскиот објект работи и во него биле затекнати гости послужени со пијалаци на масите. Пријавениот бил лишен од слобода и приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК

“Паднаа” полицајци во раце на полицијата – заедно со адвокат осомничени за попречување на правдата

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.