Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во емисијата “10 минути”, на ТВ21, кажа дека само во последниот квартал од минатата година, на компаниите им се исплатени 3 милијарди денари за исплата на плати на своите вработени.
Лукаревска вели дека зачувувањето на работни места благодарение на овие мерки е непобитен факт.
„Тоа е податокот кој го гледаме. Со сите овие сетови и мерки да ги зачуваме работните места, и навистина се зачуваа работните места. Три милијарди денари се исплатени на компаниите за тие подоцна да ги исплатат на вработените“, рече Лукаревска.
Според неа нема поголема казна од блокирана фирма за непочитување на законската обврска да ги исплати платите добиени како помош од државата.