16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: ВМРО ДПМНЕ го злоупотребува пописот за да има што да прави до локални избори

„Целта на пописот е да ја утврди реалната слика во државата, ние сме убедени дека врз основа на таа реална слика ќе можеме да креираме политики. Ние не очекуваме, ниту пак посакуваме, ниту пак тоа е целта нечии права да бидат ограничени понатаму, така што релаксирани од таа тема ние треба да се стремиме да добиеме реална слика. ВМРО ДПМНЕ измислува своја политичка агенда за пописот за да има што да прават до локалните избори.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, на телевизија Телма.

Најави дека власта нема да се премисли и да потклекне пред неоснованите обвинувања на опозицијата, која е фокусирана на тоа само да измислува и да критикува, наместо некои процеси, како пописот, да ги искористи за конструктивно делување.

„Во моментот не размислуваме за никакво отстапување, мислам дека е многу поважно да успее овој процес отколку да се бојкотира. Важно е да се определи јасно и ВМРО ДПМНЕ, која е нивната позиција, дали се за бојкот или за учевство затоа што така ќе се растоварат граѓаните од партискиот товар и ќе им се даде можност да ги дадат податоците кои што се битни за креирање политики. Ако во Виница или Пехчево, каде што и онака живеат малку луѓе, се пријават уште помалку, и ако се изгуби оправданоста да постои градинка или училиште или болница во тоа место мислам дека од тоа штета ќе имаат само граѓаните и затоа треба партиските интереси да се тргнат настрана. Ова е сериозна статистичка операција која мора да биде ослободена од политика.“- потенцираше министерот Маричиќ.

Спонзорирано: