27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: 31.000.000 денари за повеќе мерки за промоција туристичката понуда на државата

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети. 🇲🇰🏔

✅ Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% за домашните туристи и од 9% за ноќевања, во споредба со 2019 година.

✅ Во Берово, имаме покачување од 29% на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37% во однос на истиот период 2019 година.

✅ Отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број на украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија.

Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам.

Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, за повеќе мерки за промоција туристичката понуда на државата.