Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Работа од соништата? Гледајте серии на Нетфликс и јадете пица; плата – 500 американски долари

Американската компанија бара некој за рангирање на сериите Нетфликс и пицата од испорака.

Компанијата претходно објави конкурси за плаќање на луѓе за тестирање хамбургери, сладолед, слатки и пита од тиква. „Сега бараме совршен кандидат кој ќе не информира за најдобрата серија на Нетфликс и најдобрата пица од испораката за да ни помогне на сите во овие бурни времиња“, се вели во нивниот оглас.

Победникот ќе добие 500 долари, а ќе мора да разгледа и прегледа три серии на Нетфликс, патем рангирајќи ги пијалоците од доставата.

Кандидатот исто така ќе добие бесплатна сметка на Нетфликс, како и буџет за пица и закуски, пренесува Индекс.

Според деталите за натпреварот, победникот може да избере три серии, меѓу кои се “Queen’s Gambit”, “Bridgerton”, “Night Stalker: The Hunt For a Serial Killer”, “Cobra Kai”…

“Професионалецот” меѓу другото, ќе мора да ги рангира заплетот, глумата, но и задоволството од епизодите и крајот на серијата.

Ќе треба да ја рангира и пицаата според повеќе критериуми, од изглед и вкус до вредност за парите.

Пријавувањето трае до 12 февруари, а победникот ќе биде објавен на 17 февруари.

Можеби ќе ве интересира

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК

Пивара Скопје и РФМ – 45 години заедно за македонскиот ракомет

ДЕСК

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

ДЕСК