23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Целосно сме посветени на развој и унапредување на инфраструктурата, 23 милијарди денари наменети за капитални инвестиции во 2021 година

СДСМ годинава продолжува со инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти, кои се гарант за рестарт на македонската економија и основа за подобри услови за економијата и подобар живот за сите граѓани, се вели во соопштението на владејачката партија.

– Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.

Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава.

Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта.

За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра.

Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра.

Се градат вкупно 574 станови за најранливите категории граѓани во 7 општини, а оваа година планирана е изградба на уште 5 нови згради со вкупно 202 домови за социјално загрозените граѓани.

Забрзано се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар.

СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи, останува посветена на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата, велат од СДСМ.