Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Доведени сме во ситуација да молиме за вакцини, зошто не набавивме како Србија и Албанија?

Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, затоа Македонија е петта земја во светот по смртност од Ковид-19 и последна земја во Европа која ќе набави вакцини.

„Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а речиси 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини. Ја лажеа јавноста дека вакцините само што не дошле, дека Бугарија ќе ни донира, дека Грција набавува за нас, ама и Бугарија и Грција добија вакцини, а Македонија веќе во средина на јануари нема добиено ниедна вакцина“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Србија, Албанија и сите земји во Европа веќе набавиле вакцини и почнале со вакцинирање на своето население.

„Зошто сме доведени во ситуација да молиме вакцини од некого, наместо да постапиме како нашите соседи кои најдоа начин да го заштитат здравјето и животите на своите граѓани“, прашуваат од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК