25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Македонија тоне во сиромаштија, Заев троши пари за нови советници во кабинетот

Додека Македонија тоне во сиромаштија и сме последни што набавуваме вакцини, Заев троши пари за нови советници во кабинетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев покажа дека живее во луксуз, додека државата тоне во сиромаштија. Златните лажици на Заеви кои чинат над 50.000 евра покажуваат каде завршуваат парите во Македонија.

Неодговорноста на Заев се гледа и во одлуката да ангажира дополнителни советници за дебели хонорари, во време кога цел свет штеди за да го заштити здравјето на граѓаните како врвен приоритет.

Во услови кога 54 илјади луѓе останаа без работа, уште 50 илјади не земаат редовно плата, а 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, Заев се луксузира и вработува нови советници, платени со дебели хонорари со парите од даночните обврзници.
Овие новите квази експерти и досегашните луѓето среде епидемија и економска криза ќе ги чинат граѓаните 400 илјади евра годишно. Кое е фајдето од Ахмедовски, Љубе Бошковски, Едмонд Адеми, сопругата на директорот на партискиот центар за лаги на СДСМ и десетици други кои џабе ќе ги јадат народните пари, никој не знае. Наместо да ги плаќаат нив, нека купат вакцини, да не бидеме последната земја во Европа каде што ќе почне вакцинација против коронавирусот.

Додека Заев го полни кабинетот со послушници Македонија е најзадолжена во историјата, најсиромашна, накорумпирана и најнесреќна во Европа и петта замја во светот по смртност во епидемијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.