8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 178 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казнила 178 возачи во Скопје, од кои 30 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. Во Скопје изречени се вкупно 178 мерки, од кои 30 за управување со брзина поголема од дозволената, 19 за возење без возачка дозвола, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 13 за користење мобилен телефон.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.