Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен угостител од Пробиштип, кој работел и покрај забраната

Приведен е угостител од Пробиштип, чиј локал работел вчера и покрај забраната за услужување по 18 часот.

„При контролата во 18.25 часот во угостителски објект на градскиот плоштад, сопственост на И. М. (44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости, кои биле послужени со пијалаци“, информираат од МВР.

За настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање мерки од нивна надлежност.

По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И. М. ќе биде поднесена кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.