Охридската полиција најави засилени контроли за новогодишната ноќ. Од таму потсетуваат дека Министерството за внатрешни работи стави во функција бесплатен телефонски број 0800-00-201 и меил адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и недозволено собирање со цел организирана прослава во текот на новогодишната ноќ и претстојните празници.
Со цел целосно спроведување на безбедносните протоколи за заштита на граѓаните од вирусот Ковид-19, СВР Охрид, деновиве реализира 260 контроли по хотелско-угостителски објекти, приватни станоиздавачи, вили и апартмани во Охрид и приградските населби.
„Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од строго спроведување на предвидените мерка за заштита од Ковид 19 и ги запознаа со казнените одредби за непридржување кон мерките“, соопшти СВР-Охрид.