25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Делувавме против тероризмот за да ги заштитиме граѓаните и безбедноста

„Полицијата заедно со Агенција за национална безбедност работи континуирано оти тероризмот е нов предизвик, не само кај нас, туку и глбоално. Имавме активности синоќа, извршивме претереси на повеќе локации, покрај Визбегово и во Куманово, Скопје и на други места. Приведени се неколку лица кои имаат директна поврзаност и контактки со групата која претходно беше уапсена во Куманово. Сакам да им оддадам признание на сите кои се ангажирнаи на оваа проблематика, безбедноста нема цена и активностите кои се преземаат од нашите службеници се за стабилност на државата и безбедност на граѓаните. Во текот на денот сие детали ќе ги имаме околу оваа акција.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Утрински брифинг.

Дополни дека позицијата на нашата држава е ризична, па затоа се случуваат активности на терористички групи.

„Свесноста на полицијата е секогаш на високо ниво, тоа е наша основна задача. Тие се 24 часа посветени на мирот и стабилноста, тоа е наша уставна обврска, секој службеник презел одоговрност кога започнал со работа. Тероризмот не е нешто што ќе заврши денеска, тоа е глоболна појава која не оптоварува сите, нашата геостратешка позиција преставува и потенцијален ризик, но ги уверувам сите граѓани, институциите добро и посветено работат на спречување на каков било теророситчки акт. Сега не може поголеми настани да имаме за празниците заради вирусот, но ние максимално сме подготвени да реагираме, спокојно да ја дочекаме Нова Година. Поспокојни ќе бидеме дома, не е сега моментот за забави и настани. Тие неколку часа журка ќе не чинат после месеци здравје.“- порача Спасовски.