Вечерва околу 20 часот на регионалниот пат Гостивар – Чегране, во село Форино, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинале две лица.
Според информациите на Centar.mk учествувале две патнички возила од марката шкода фелиција со гостиварски таблички и БМВ- со австриски регистерски ознаки, кое било управувано од 18 годишник од Чегране.
Во трагедијата починалвозачот на фелицијата со иницијали Л.Х, додека три лица завршија со тешки повреди.
Според информациите на Centar.mk јавен обвинител во моментов врши увид, како и екипа на СВР Тетово.