23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МЗЗПР: безбедни и здрави работници се од интерес и на работодавачите и државата

Потребен е нов закон за безбедноста и здравје при работа (БЗР), а колку повеќе во работниот процес има работници со повреди или професионални заболувања, ќе има и отсуства од работа, зголемени трошоци и намалена продуктивност. Сето ова негативно се одразува врз работниците, како и на работодавачите и севкупниот економски систем на државата.

Од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) велат дека новиот закон треба да биде јасен и недвосмислен во практичната примена и треба да ги земе предвид мислењата на сите заинтересирани страни од областа на БЗР.

„Во овој процес ги ставаме на располагање сите наши капацитети, знаење и искуство. Сугерираме процесот на прилагодување на промените во БЗР законодавството и неговото усогласување со ЕУ да започне што побрзо, особено ако се имаат предвид новите ризици на работните места кои произлегуваат од Ковид-19 пандемијата. Тоа изискува и ревизија на проценките на ризик на сите работни места каде има опасност од заразување со новиот коронавирус.“, истакнуваат од најстарото професионално здружение кое е формирано во 1964 година.

Од МЗЗПР посочуваат дека 12 години по практичната примена на Законот за БЗР и другите релевантни правни акти како клучни области во кои треба да се насочи идното делување покрај реформата на законската рамка и политиките за БЗР се: образованието, зајакнувањето на капацитетите и подигнување на свеста за БЗР, како и воспоставување ефикасни евиденции за повреди, несреќи при работа и професионални заболувања.

„Од економски аспект гледано секој работодавач или инвеститор, својот интерес го гледа во профитот. Но, дури и за остварување на таа цел, единствено заштитен работник може да биде продуктивен, односно само здрав и мотивиран работник може да произведе квалитетен производ или да даде квалитетна услуга. За здрав и мотивиран работник неопходно е работодавачот да преземе превентивни мерки и активности за безбедност и здравје при работа. Мотивиран работник произведува квантитет и дава квалитетни услуги. За да имаме мотивиран работник, работодавачот потребно е истиот соодветно да го награди со плата и други надоместоци кои му следуваат, вклучувајќи го тука процесот на подобрувањето на безбедноста и здравјето при работа. Истовремено, потребна е и директна финансиска помош од страна на државата во стимулирање на превентивниот аспект на БЗР на ниво на компании.“, посочува Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.
Со цел давање и на конкретен придонес во подобрувањето на законодавството, превентивата и целокупната примена во сферата на БЗР и со подршка на Европска Унија, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ неодамна ја издадоа публикацијата „Безбедност и здравје при работа – Мониторинг на состојба“.