23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против жител на Крива Паланка за кражба од црква

Жител на Крива Паланка во периодот од 17 и 18 декември ја ограбил црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, при што одзел 30.000 денари.

„ Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 38-годишник од Крива Паланка со престојувалиште во Скопје, за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во периодот меѓу 17 и 18 декември, ја прескокнал оградата и влегол во црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, каде забележал метална каса. Со употреба на погоден предмет – тесла ја отворил касата и одзел 30.000 денари, по што избегал.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице за кое ценеше дека и натаму постои опасност да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“ се наведува во соопштението на обвинителството.​​