Одделенијата за криминалистички работи во Аеродром и Драчево до скопското Основно јавно обвинителство поднесоа кривична пријава против 27-годишниот Р. А. поради сомнение дека сторил шест кривични дела измама, како и против М. А. (18), К. К. (29) и Н. А. (29) поради сомнение дека сториле три кривични дела од истиот вид.
Притоа тие стекнале противправна имотна корист од речиси 5.472.790 денари.
Пријавените кривичните дела ги извршиле во периодот од 1 ноември 2019 до 30 ноември годинава на идентичен начин.
Кога ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи автомобили, се јавувале на телефонскиот број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар за купопродажба на возилото.
По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетните во договорот да се наведе сума што нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, а преостанатиот дел од сумата да биде исплатен на рака.
По потпишување на договорот, пријавените ги носеле оштетените на разни места со изговор дека ќе дојде трето лице, кое ќе ги донесе остатокот од парите, но во одреден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото без исплата.