14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за татко и син од Кавадарци за одгледување марихуана

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против таткото и синот, на возраст од 56 и 33 години, осомничени за огледување марихуана во викенд-куќа во Јаворица.

„Во планински предел кај местото наречено Јаворица во близина на викенд-куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението канабис сатива со чија обработка се добива марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено, заради продажба, го произведувале растението за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите“, соопшти Обвинителството.

При претресот пронајдено е и оружје, кое еден од осомничените неовластено го држел, и тоа патрони за ловечка пушка, куршуми и затворач за пушка „М-48“ и ловечка пушка „црвена застава крагуевка“.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​

Можеби ќе ве интересира

Алиу во Тетово: Над 70 милиони евра инвестиција за Клиничка болница Тетово – ќе се градат две нови градби и ќе се реновираат три постојни објекти

ДЕСК

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година – Еве како да се пријавите

ДЕСК

Летно изненадување од dm и Babylove:  со сметка над 499 денари добивате подарок!

ДЕСК