25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Контроли во 54 угостителски објекти во Куманово и Липково

Вчера во периодот од 17.00 до 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во 54 угостителски објекти на подрачјето на општините Куманово и Липково.

Притоа, во угостителски објект на бул.„Трета македонска ударна бригада“ било констатирано дека растојанието помеѓу масите отстапува од протоколите за работа на угостотелските објекти, согласно Одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на Ковид-19.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат преземени се соодветни законски мерки.