25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во еден ден казнети 62 пијани возачи и 151 за неправилно престигнување

Полицијата во текот на вчерашниот ден (18 декемри) спроведе сообраќајни контроли за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Како што информираат од МВР, на територијата на целата држава санкционирани се 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 446 други прекршоци.

Од ресорното министерство информираат дека засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период.