„До сега наставницие немале напредување. На сите им се случува да се вработат како наставник и потоа како наставник да се пензионираат, единствено може да станат директор на училиште и толку. Сега квалитетот на наставниците ќе се следи електронски, низ воспоставен систем. Оние кои се најдобри од наставници ќе станат ментори, скала погоре, ќе се грижат за материјалите за наставната програма, за квалитетот на наставата, значи да се создаде еден систем. Ќе поставиме ментори кои ќе ја имплементираат концепцијата, потоа ќе има наставници советници, уште еден кариерен развој, но ќе има и ситеми на поддршка внатре во училиштето. Самите наставници да добоијат поддршка, од нив до сега само се бараше, а сега ќе имаат и поддршка. Нашиот наставен кадар го трошиме на техника наместо на едукација на новите генерации.“- пренесе дел од новиот концепт за реформи во образованието, министерката Мила Царовска, во вестите на Сител.
Таа уште еднаш повтори дека сите наставници ќе останат на своите работни места, само ќе мора да го сменат начинот на предавање и едукација и да се адаптираат на новите наставни програми.
„Истите наставници ќе предаваат, тие по историја, хемија, биологија, секој ќе ја има својата дисциплина. На пример, ако зборуваме за природни науки, на тема екологија и животна средина, тоа значи дека наставникот по биологија ќе предава за влијанието на човекот врз животната средина, наставникот по хемија за загадувањето на животната средина, а наставникот по физика за обновливи извори на енергија“- објасни Царовска.