26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска: Заедно со наставниците, со родителите и со учениците ќе обезбедиме историјата непречено да се учи заедно со другите содржини

„Морам да истакнам дека прв беше консултиран синдикатот, се усогласи работната група, имаше презентација пред родители и ученици во образованието, имаше презентации пред наставници, следуваат други целни групи кои што се понеделник на дневен ред и исто така дискусија на владина седница имавме, сметам дека целиот процес е транспарентен.“- одговори министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто за вестите на Сител кога зборуваше за обвинувањата дека образованиот концепт се менува тајно.

Таа објасни дека предметите кои се споменуваат во јавноста, како историја, географија, биологија, хемија, физика, дека се споиви и дека такво искуство имаат голем број држави во светот.

„Апсолутно се споиви предметите, ниту ќе бидеме прва, ниту последна земја која што го прави ова, во Америка, во Европа, во Австралија, во РСМ во приватните училишта го имаме овој модел и тој е секаде во светот воспоставен, значи ние го адаптираме на нашиот контекст, нашите потреби и нашите можности за да стартуваме од некаде, секако подобрување ќе треба, секако дека можеби доадаптирање или подесување ќе треба, но луѓето кои што се вклучени апсолутно веруваат во ова и тоа е група од 13 луѓе кои што се работна група и кои што интензивно работеа 100 дена..“- изјави Царовска.