Во попладневните часови на 17 декември во кумановското село Проевце, на мост на реката Кумановка, се случил сообраќаен инцидент во кој загинал 69-годишник.
Како што информираат од МВР, тој управувал автомобил „југо темпо“, со кумановска регистрација, кое во еден момент излетало од коловозот.
Возачот починал на местото на незгодата, а лекар од брзата помош констатирал смрт.
Увид бил извршен од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.