Во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 54 пациенти, на кислородна поддршка се 23 пациенти, а испишани се седум пациенти како оздравени, со по еден негативен брис.
На Инфективното одделение има 40 пациенти, а на Физикална 9 пациенти и на двете Ковид одделенија има слободни места за згрижување.
На Интерното одделение каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид има сместено пет пациенти.
Инаку, во велешката болница утрово починала пациентка на 77-годишна возраст, лекувана на Инфективно одделение еден ден, а претходно била хоспитализирана на Интерно одделение.