25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Здравствените работници порачуваат претстојните празници да ги прославиме во кругот на најблиските

Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Тие велат дека ако нешто нѐ научила оваа 2020 година, тоа сигурно е дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски.

„Па, така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, особено не сега, во последните мигови“, велат тие и порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе нè заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваме мерките за заштита и превенција со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!“, порачуваат здравствените работници.