21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров: Предизвикот што ни е наметнат е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет

Посветеноста на пријателска Германија и подготвеноста да продолжат да го туркаат проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан високо на агендата на ЕУ, дури и по завршувањето на нивното претседавање, е уште една потврда за сработеното од наша страна и потребата од испорачување на обврските од другата, рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на панелот „Германското претседавање со Сооветот на ЕУ: неговите рефлексии внатре и надвор од ЕУ”.

Навраќајќи се на германското претседавање со Советот на ЕУ во изминатите 6 месеци, Димитров нагласи дека Германија уште еднаш на дело ја покажала својата недвосмислена поддршка за нашиот евроинтегративен пат, притоа заблагодарувајќи се за инвестираните напори и германските принципиелни ставови.

„Предизвикот што ни е наметнат е предизвик и за ЕУ и нејзиниот идентитет, но и за нејзините принципи по која ја препознаваме“, додаде вицепремиерот.

Со цел европскиот неуспех да не биде и наш неуспех, Димитров смета дека најдобриот одговор што Северна Македонија може да го даде во ситуација кога постојат објективни пречки на кои не може да влијаеме е пронаоѓање креативни решенија и користење на сите средства кои ни се на располагање за зајакнување на реформската агенда во најзначајните полиња.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

C +

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

C +

Перински: Одржливи општини се она што ѝ недостига на Македонија и токму тука е нашиот фокус

C +