Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Архиепископoт Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и до сите православни верници.
„Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го издржа судот на времето, не престанувајќи да биде инспирација и мотивација не само за македонските граѓани, туку пошироко на Балканот и во Европа“, се нагалсува во честитката на претседателот.
Пендаровски истакнува дека Свети Климент Охридски оставил големо духовно и просветителско наследство, но и со личен пример на дело покажал што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.
„Токму овие доблести ни се неопходни во време, кога како и целото човештво се бориме со пандемијата на Ковид-19 и разорните последици што таа ги носи. За жал токму сега, како народ и држава сме ставени пред дополнителни тешкотии и предизвици, при што ни се негира минатото, обременува сегашноста и загрозува иднината. Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме да ги надминеме“, посочува претседателот во честитката.