12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштита

Срамно е што среде пандемија ВМРО-ДПМНЕ со 500 амандмани се обидува да го блокира усвојувањето на измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години, соопшти СДСМ.

„Ова е вистинското нехумано лице на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост за здравјето на граѓаните и продолжение на опструкциите што од почетокот на пандемијата ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Во многу сериозен период од пандемијата со коронавирусот додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, неодговорната опозиција работи на штета на граѓаните.

Сега со поднесување на илјадници апсурдни и бизарни амандмани на предложените измени на собранискиот Деловник, со кои би се овозможила работа на далечина на пратеници што се во изолација, како и со кочење на Законот за здравствена заштита, опозицијата се обидува да го направи парламентот нефункционален кога треба да се носи буџетот за 2021 година, кога 300.000 граѓани чекаат платежни картички, а компаниите финансиска поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и надвор од него прави блокади и деструкции, кои се опасни и штетни за државните и национални интереси, спротивни на интересите на граѓаните.

Собранието е тука да им служи на граѓаните, а не на политикантството на ВМРО-ДПМНЕ, кое поради лицемерно и неодговорно однесување е во опозиција и уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

ДЕСК

Мицкоски: Издвоивме 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

ДЕСК

Срам за Владата: Работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

ДЕСК