Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за утре од 12 и 30 часот до 14 часот подготвува целосна блокада на Скопје.
Мицкоски во најавата однапред се извини за хаосот кој ќе биде предизвикан.
Демонстрациите на ВМРО ДПМНЕ кои се против Владата, се случуваат за време на целата ковид пандемија, дури и откако ВМРО ДПМНЕ ги изгуби изборите и не успеа на ниту еден начин да состави влада.
-Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина не само што не се решение, туку напротив, самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на Европската унија. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев. Денеска наместо решение, истото тоа претставува проблем. Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историја, рече Мицкоски.
Мицкоски утре ќе протестира против преговорите меѓу Македонија и Бугарија. ВМРО ДПМНЕ зачудувачки неодамна протестираше и противејќи се на загадениот воздух протестираше со автомобили, а протести имаше и против сиромаштијата со скапи и луксузни возила. Се протестираше и против Венко Филипче и здравствените власти, поради големиот број на заразени лица.
“Корона” протест
И покрај повикот за масовност, на последниот протест Мицкоски собра неколку стотини луѓе, при што беа прекршени и мерките за здравствена заштита.
Непознато е дали Христијан Мицкоски кој пред една недела бараше полициски час го сменил мислењето за коронавирусот, со оглед дека во деновите кога Македонија бележи рекордни бројки од почетокот на пандемијата во смртни случаи тој организира групни собирања, иако со закон е забрането групирање на повеќе од 4 лица на јавни места.
Зошто Мицкоски се “брза” да прави зулуми?
Деновиве македонските медиуми објавија дека партијата предводена од Христијан Мицкоски е со блокирана сметка, а на врата и’ затропале и извршители поради неплатени рачно изработени уметнички дела – слики со позлатени рамки во огромен износ.
Партијата на Мицкоски и е предмет на обвинение за кражба на избори и нелегално финансирање, а тој е соочен со барање на предвремен конгрес на кој може да биде сменет, со оглед на се поголемата листа на поранешни високи функционери кои се противат на раководењето на Мицкоски.