Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата.
„Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање“, се наведува во соопштението.