25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец дал лажен исказ за да извади нова возачка дозвола

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради давање лажен исказ.

Тој поднел барање за издавање дупликат возачка дозвола, лажејќи дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во Германија, неговата возачка дозвола издадена во Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола.

Врз основа на таквото барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело давање лажен исказ, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик.