23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Протест сега, за да не биде предоцна

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, без разлика на етничката, верската или политичката припадност да земат учество во, како што велат од партијата, сенародниот и надпартиски протест за заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“.

„Ги повикуваме граѓаните масовно и на достоинствен начин да се спротивстават на пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија. Протестот почнува во 18:00 часот од пред паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, а колоната автомобили ќе заврши пред Владата на Република Македонија во 18:30 часот“, соопшти партијата.

Од партијата апелираат сите граѓани присутни на протестот кои ќе учествуваат во колоната автомобили, да ги почитуваат максимално препораките и протоколите за заштита од КОВИД-19 вирусот, да држат дистанца и да користат заштитни маски и опрема со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

„Дополнително апелираме и потенцираме до граѓаните да бидат особено внимателни и да не подлегнуваат на евентуални смислени провокации на власта, вметнати провокатори од власта во заминување кои имаат за цел да фрлат дамка на сенародниот и надпартиски протест. Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, велат од партијата.