Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека луѓето треба да бидат поактивни, предупредувајќи дека годишно би можеле да се избегнат и до пет милиони смртни случаи во светот, не земајќи ја предвид пандемијата на коронавирусот.
Агенцијата за здравство на ООН нагласи дека секој четврти возрасен во светот нема доволно физичка активност и дека ситуација дополнително е комплицирана од кризата со Ковид-19 што принуди многу луѓе да го поминуваат времето во затворени простории.
Агенцијата препорачува минимум два и пол часа умерена до тешка активност за возрасни на неделно ниво и еден час на ден за деца и тинејџери.
Недостатокот на физичка активност доведува до дополнителни здравствени трошоци од 54 милијарди долари годишно, плус дополнителни 14 милијарди долари за изгубената продуктивност, соопшти СЗО.