7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 190 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење лична заштита.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

ДЕСК

Филипче со моќна порака до Христијан Мицкоски

ДЕСК

(ФОТО) Митингот на СДСМ започна – еве колку народ се насобра во Валандово

ДЕСК