Изминативе 7 дена 3.270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонскиот грип во здравствените домови и општите болници во државата. 126 граѓани преку матичен лекар резревирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, не дошле да се вакцинираат.
Бесплатна вакцинација против сезонскиот грип се врши на 6 пункта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и во Кочани. Вакцинација се врши во општите болници во Гевгелија, Дебар и во Кавадарци.
Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација секој петок од тековната недела се отвораат термини преку системот „Мој термин3. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба, каде што физичката и временската дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.
Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите, исто така упатуваме апел до граѓаните што закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, а доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.