2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бучковски: Стратегиска грешка е бугарското вето на Северна Македонија

Стратешка грешка е бугарското вето на Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели проф. Владо Бучковски во интервју за ТВ Европа.

–Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа- рече проф. Бучковски.

Тој вели дека во Македонија има говор на омраза, но тој не доаѓа од владетелите, туку од опозицијата и нејзините медиуми.

Според него има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, што ги попречува билатерални односи.

–Стратешка грешка е одлагањето на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Но, очигледно е дека некои политичари во Бугарија го злоупотребуваат ова прашање– ова за ТВ Европа го коментираше поранешниот премиер и министер за одбрана проф. Владо Бучковски.

Поранешниот премиер на Република Македонија Владо Бучковски коментира дека е изгубена битка, но не и војната за нашата држава. Според него, нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

–Договорот мора да успее, категоричен е Бучковски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +