Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 235 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 45 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во двор на куќа во Скопје: Жена нападната со тврди предмети од малолетници

ДЕСК

ДРАМА ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ: Малолетничка ограбена со закана со нож – нејзиниот 14-годишен другар претепан!

ДЕСК

Големо апсење на граница кај Белановце – Падна бегалец од правдата баран од Интерпол

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.