15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на Фон дер Лаен ѝ ги презентирал македонските позиции во разговорите со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

Во разговорот, на кој присуствувале и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја, со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ, информираат од владината прес-служба.

Заев ја информирал претседателката на ЕК и за тековните разговори со Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.

Фон дер Лаен истакнала дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +