Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: Агим Исмаиловиќ не избега, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага

Агим Исмаиловиќ не ѝ избега на полицијата, а соопштението на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага, реагира Министерството за внатрешни работи на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека обвинетиот во случајот „Монструм“ избегал.

„Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење. Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните. Вистината е сосема спротивна. Откако МВР е известена од судот дека лицето А.И. го нема во судот, каде во тек било рочиште, МВР експресно го пронајде и спроведе за издржување на мерка притвор. Тоа се вели ефикасност и законско постапување согласно надлежностите“, се наведува во реакцијата.

Во него се додава дека МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец и без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +