Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Социјалното партнерство и постоењето социјален дијалог е од огромно значење

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

На средбата се разговараше за досегашните законски решенија што ги уредуваат правата и обврските поконкретно за вработените лица во социјалната заштита и можноста за нивно унапредување.

Како репрезентативен синдикат, кој се грижи за остварување и заштита на правата на вработените во овој сектор, претставниците ги посочија предизвиците со кои се соочуваат во време на Ковид-19, но и тековни прашања и потреби, кои браат дополнително разгледување и можност за нивно решавање.

Министерката Шахпаска истакна дека социјалното партнерство и постоењето социјален дијалог со сите засегнати страни е од огромно значење затоа што тоа води до изнаоѓање издржани решенија, кои би одговориле на пристигнатите прашања адресирани до Министерството како надлежно, а се во интерес на сите засегнати страни, работниците, но и работодавците.

На средбата се разговараше и за измените во Законот за работните односи во делот на пензионирањето на 64 години старост и 15 години стаж, со можност за продолжување на договорот за работа доколку се работи за дефицитарен кадар, како што се здравството и високото образование.

Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна соработка за сите прашања што ги засегаат вработените во социјалната заштита, а се во надлежност на Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.