Centar.mk
БИЗНИС

Фондот за осигурување на депозитите: Исплатени 3,3 милијарди денари обесштетување на депонентите на Еуростандард банка

Фондот за осигурување на депозитите ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,3 милијарди денари, што, како што се наведува, претставува речиси 80 % од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетувањето.

„Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и речиси 4/5 од средствата на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата се врши директно преку Фондот за осигурување на депозитите“, соопшти Фондот.

Можеби ќе ве интересира

Почнува одбројувањето до најпрестижниот регионален настан The Economist MeetUp: Светот во 2026

ДЕСК

Гастрономската мапа на Туркије блесна на изборот на водичот Мишелин за 2026 година

ДЕСК

Божиновска: Енергетиката мора да e простор каде жените не се исклучок, туку правило – Министерството со 50/50 родов баланс е доказ дека институциите можат

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.