23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полициски извештај – дневни настани за 5-ти ноември 2020

На 04.11.2020 околу 15.00 часот на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода С.А.(23) и С.Ј.(33) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.11.2020 околу 23.00 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Л.А.(20) од Гостивар, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и ќе следува соодветен поднесок.

На 04.11.2020 околу 21.15 часот во близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле Ј.Ќ.(41) од тетовско Нераште и И.А.(61) од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Н.Т.(39) од Тетово, биле пронајдени два ножа. Против двајцата пријавени ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје.

На 05.11.2020 во 03.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(37) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, по чл.268 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

На 04.11.2020 во 23.00 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, со струмички регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од с.Куклиш и патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(20) од Струмица. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

На 04.11.2020 во 14.30 часот било пријавено дека во с.Канарево, кумановско, Т.М.(72) од Куманово, при изведување земјоделски работи, бил прегазен од тракторот додека откачувал плугови од него, и починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 05.11.2020 во 00.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.Т.(18) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.