23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се зајакнува соработката меѓу Стопанската комора на северозападна Македонија и Министерството за економија

Министерот за економија, Крешник Бектеши, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, и потпретседателите Арсим Папранику, Ејуп Абдулаи и членот на Комората, Ќаније Селими.

Како што информираат од Министерството, целта на состанокот била зајакнување на соработката помеѓу Комората и Министерството за економија во делот на креирање мерки и политики за подобрување на условите за работа на компаниите.

За таа цел, Стопанската комора на северозападна Македонија назначила еден од своите членови да биде директна врска помеѓу Комората и Министерството во делот на креирање мерки за поддршка на бизнисот.

„Една од мерките во четвртиот сет, како одговор на долгогодишните барања на бизнисот, е намалување е парафискалните давачки, кои бизнис-секторот ги посоочува како еден од клучните фактори за подобрување на конкурентноста“, рекол Бектеши и посочил дека во тек е формирање мултиинституционална работна група, која во наредните неколку месеци ќе работи на утврдување на оние услуги што имаат карактер на парафискални давачки, а кои би можеле да се намалат и да се скратат.

„Нашата цел е да се намалат колку што може административните обврски и трошоците на бизнисот“, додал министерот.

На средбата се дискутирало и за идните предизвици и мерки за олеснување на условите за работа на бизнисот, особено во услови на пандемија.