8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери што ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма. Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието, како и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците“, се наведува во соопштението од МОН.

Од МОН информираат дека во тек е подготовка на целосно нов закон за учебници, со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Можеби ќе ве интересира

Зимско сметање на времето – Стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад

ДЕСК

Перо Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

ДЕСК

Филипче од Валандово: Политиката мора да биде алатка за подобар живот, не сцена за пропаганда

ДЕСК