Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:
Државата оди напред! 🇲🇰✊ Едно општество за сите, и во добро, и во криза, секогаш, а од сега и уредено со нов Закон за спречување и заштита од дискриминација кој гарантира еднаквост за сите.
Социјалдемократите, прогресивните сили во државата и граѓанското општество се изборија за долгоочекуваниот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Припадниците на маргинализираните заедници 👥, вклучувајќи ја и ЛГБТИК заедницата 🏳️🌈 се еднакви пред законот како и сите останати граѓани.
Со стапувањето на сила, секој граѓанин ќе знае дека е безбеден во својата држава и дека ќе може да ги обезбеди своите права, загарантирани со уставот. Честитки за сите активни граѓани кои доследно се изборија за овој успех. 👏