25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата ја разреши комисијата за проценка на штетите од невремето во Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе

Владата денеска изрази несогласување со Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди.

Владата донесе одлука членовите на Комисијата да бидат разрешени од членството во неа поради неефикасно и несоодветно решавање на предмети од суштинско значење за граѓаните и мандатот на Комисијата.

Нови членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата, со обврска да достават ревидиран збирен извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.