23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски за Сител: СДСМ е пример како се воспоставуваат високи стандарди и одговорност, ВМРО ДПМНЕ треба да не следи, ја менуваме политиката и вредностите

На Европскиот ден на правдата ја воведовме Правдата како дел од преамбулата во Статутот на СДСМ, затоа што правдата и економијата беа клучни столбови на самата програма, посочи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во гостувањето во Сител телевизија.

– Времето кога еден ист човек беше и обвинител и судија и целокупната моќ и власт беше сублимирана во еден човек заврши и еве, денес, ние сме пример како и ВМРО–ДПМНЕ и опозицијата треба да ги следат сите успешни примери на воспоставувањето на овие модерни и високи европски стандарди во оваа нова македонска политичка епоха што ни се случува. Гледате дека постојано овој период праќаме силни пораки дека неприкосновено, дека бескомпромисно ќе се бориме почнувајки од начинот на функционирање и од функциониерите на СДСМ, оние кои ја добиле довербата да бидат сервис на граѓаните, тие се првите кои треба да се однесуваат најетички. Мора да вледае редот и правдата и тие се пораките што ги пративме вчера од Конгресот, рече Николовски.

Николовски додаде дека доаѓа време на градење на нов профил на политичари во државата.

– Ја менуваме и самата политика, ги менуваме и вредностите, но го менуваме и постојниот политички профил што го имавме досега, посочи Николовски.