8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поднесени 5.000 барања за субвенции за инвертери, заврши јавниот повик

Завршува јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, информира Град Скопје.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 5000 пријави.

„Во согласност со овие бројки, ги информираме граѓаните дека е исполнета предвидената квота за субвенции, па барања од граѓаните за субвенции за инвертери повеќе нема да се примаат“, велат од прес-службата на градот.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ. На овој повик граѓаните аплицираа онлајн.

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата, и со овие средства се очекува замена на некаде околу 5.000 печки со инвертери, односно околу 5.000 оџаци помалку во скопската котлина.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК