23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во велешко приведено лице поради палење автомобил

Секторот за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес вчера по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во с.Ореше, Велешко, заради сомнение за извршени кривични дела: недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

При претресот пронајдени се предмети поврзани со истрагата, а лицето е приведено во ПС Велес. Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 03.05.2020 во с.Ореше.