23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната бројка е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова

Секој ден е нов пик, вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата, која треба да се замени со нова специјална комисијата од експерти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соооштение.

„Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона-кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од Ковид-19. Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секој ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.
Власта предлага несуштински мерки за борба со пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.

Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број заразени и починати. Комисијата наместо стручност, демострираше политика. Токму затоа е потребно формирање на специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира сè до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.